Наша визија

Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик” Дооел Скопје, е компанија во која работат стручни, професионални и искусни консултанти ориентирани кон потребите на клиентите.

Наша главна цел е да понудиме интегрирана високо стручна услуга на клиентите која ќе биде во согласност со законските норми, но и со најдобрите ЕУ и светски практики, технички норми и стандарди во областа на:

  • Унапредување на животната средина;
  • Ефикасно користење на ресурси (суровини, вода, енергија) и користење на обновливи извори на енергија;
  • Воведување и спроведување на концепт за почисто производство и анализа на животниот циклус на производите;
  • Одржливо производство и еко дизајн;
  • Подготовка на инвестициона документација во согласност со националните и ЕУ барања за апликации со проекти и проектен циклус;
  • Зајакнување на капацитетите на јавната администрација и претставници на производните и услужните фирми за теми блиски до интегрираната заштита и превентивната контрола од загадувањето на сите медиуми на животната средина.

Прочитај повеќе…     

EkoMozaik-Spring  

Новости

  • Друштвото за техничко консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје објавува оглас за вработување (прочитајте повеќе).
  • ЕкоМозаик во соработка со Општина Центар изготвува Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) на општината за период 2019-2024 година (прочитајте повеќе).
  • М-р Славјанка Пејчиновска – Андонова, како член на тимот на експерти во рамките на рубриката „ПРАШАЈ ЕКСПЕРТ“ на веб порталот www.biznisregulativa.mk можете да ја консултирате за прашања поврзани со законската регулатива за заштита на животната средина (прочитајте повеќе).
  • Во периодот јуни 2018 година, управителот на Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ од Скопје, Славјанка Пејчиновска-Андонова се здоби со Сертификат за меѓународен управител со отпад издаден од страна на Меѓународната Асоцијација за управување со цврст отпад (ISWA).
  • На 11 јуни 2018 година консултантскиот тим на „ЕкоМозаик“ присуствуваше на Трилатерален дијалог за канадските стандарди за одржливо рударство организиран од страна на Амбасадата на Канада заедно со Стопанската комора на Македонија и Македонската асоцијација на рударството (МАР). На овој настан беа присутни голем број на домашни и странски компании од рударскиот сектор кои ги дискутираа најдобрите достапни практики и стандарди за одржливо рударство (согласно IFC практики) ширум светот.
  • Во периодот април – мај 2018 година, Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје подготви Рамка за управување со животна средина и социјални прашања (РУЖССП) како дел од проектот „Унапредување на социјалните услуги“ на Министерство за труд и социјална политика поддржан од Меѓународната Банка за обнова и развој (прочитајте повеќе).
  • Компанијата ЕкоМозаик зема учество во Глобалното Медитеранско партнерство за води (GWP – Med) во рамки на активностите за “Вода, Храна, Енергија и Нексус Екосистеми” во Југоисточна Европа (прочитајте повеќе)

Консултантски услуги

Производни и услужни фирми               Општини, град Скопје                Владини институции              Меѓународни институции              Невладини организации

111    1     2    3    ngo

Ако Ви треба партнер во обезбедување на одржливо производство, воведување на превентивни мерки за заштита на животната средина, ефикасно користење на ресурсите и обезбедување на низок еколошки отисок на Вашата компанија, кликнете  тука

 Побарајте не заедно да ги подготвиме Вашите стратешки плански документи од областа на животна средина, да Ве информираме за најновите ЕУ практики во управувањето со вода, отпад, почва, квалитет на воздух, климатски промени на локално и регионално ниво, кликнете тука

Можеме да Ви помогнеме во обезбедување стручна помош при подготовка на национални стратешки документи, законски прописи кои лесно се спроведуваат на национално и локално ниво и при зајакнување на капацитетите на јавната администрација, кликнете тука

Нашиот консултантски тим со задоволство ќе го прифати повикот за партнерство при реализација на проекти од областа на заштита на животна средина и оценка на предлог проекти. Нашите услуги погледнете ги тука

 Подготвени сме во секое време да дадеме техничка консултантска помош на невладиниот сектор при дизајнирање на јавни кампањи, истражувања и спроведување на проекти и обезбедување на дијалог со сите чинители. Погледнете како

home

home